Принцот Чарлс не се ракуваше со американскиот потпретседател Мајк Пенс, а снимката од настанот стана вирална и ги натера претставниците на британскиот двор и на Белата куќа да понудат дополнително објаснување.

Како што може да се види на снимката, принцот Чарлс се ракува со неколку политичари, вклучително и со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и францускиот претседател Макрон.

Но, поминувајќи пред политичарите и ракувајќи се со сите по ред, принцот Чарлс помина покрај американскиот потпретседател без поздрав. Овој потег многумина го искоментираа со претпоставки што би можело да биде причината за таквото игнорирање.

Сепак, портпаролката на Пенс и претсвниците на принцот рекле дека тие двајцата се во срдечни односи и дека го прескокнале ракувањето бидејќи се сретнале само неколку минути пред снимката.

извор: Makfax