Девојката која завчера објави видео на кое пуши марихуана на улица во Скопје, вчеравечер беше приведена во Градскиот парк, на фестивалот „Конопфест“. По излегувањето од полициска станица, таа се огласи на Фејсбук.

„Ме уапсија без некаква основа. Налогот за претрес го донесоа отпосле“, тврди Моника. Таа вели дека при претресот, кај неа не било пронајдено ништо. Таа вели дека не е дилер, туку активист кој се бори за легализација на марихуаната. Моника вели дека полицајците ја уапсиле затоа што, како што ѝ рекле, била лош пример за малдите.

извор: Makfax