Јапонија конечно им се придружи на земјите кои извршија приватни летови во вселената.

Компанијата Interstellar Technologies успешно ја лансираше својата MOMO-3 ракета во вселената, која успешно ја помина Кармановата линија, односно височината од 100 километри пред да заврши во Пацификот.

Ова е скромен почеток, бидејќи ракетата била во воздух само осум минути и 35 секунди, но е и големо олеснување за компанијата, чии претходни два обида завршија неуспешно.

Конечната цел на компанијата Insterstellar Technologies е лансирање на мали сателити во орбитата и тоа за дел од сумата која владините агенции ја трошат на тие активности. Овој успешен тест е чекор поблиску до остварување на таа цел. Задоволен може да биде и основачот на споменатата компанија Такафуми Хори, кој докажа дека неговата иницијатива може да успее.

извор: Makfax