Пратеничките во украинскиот парламент бараат оставка од претседателот на Комисијата за надворешна политика, Богдан Јаременко, поради негова наводна вмешаност во секс скандал.

Иницијативата е предложена од Антонина Славицкаја, пратеничка на „Опозициска платформа – За живот“.

Јаременко, кој е пратеник од партијата „Слуга на народот“, е обвинет за вмешаност во наводен сексуален скандал, откако во украинските медиуми вчера се објавени снимки и фотографии како тој за време на собраниска седница се допишува со извесна сексуална работничка и бара нејзини услуги.

На една од фотографиите се гледа како Јаременко некому му напишал на руски јазик: „Услови за средба со тебе“, а потоа од соговорникот добил одговор: „Здраво. Вашето место. Сексот е заштитен, класичен и орален. Анален – табу. Еден час – 100 долари, а два часа – 150 долари“.

извор: Makfax