Роби Вилијамс (46), по три недели поминати во карантин поради пандемијата на коронавирус, се врати дома кај своето семејство.

Пејачот не е позитивен на Ковид-19, но поради престојот во Австралија, мораше да ги почитува мерките на претпазливост и да оди во карантин.

Снимката од неговото враќање дома и средбата со своите деца ја објави неговата сопруга Ајда на „Инстаграм“.

„Повторно заедно по три недели! Многу сме среќни што татко ни повторно е дома по одвоените карантини! Конечно заедно“, напиша сопругата на Роби и апелира да се остане дома.

Во видеото децата на Роби му трчаат во прегратка на својот татко кога ќе видат дека се приближува кон куќата и сфаќаат дека тоа е тој.

„Тато, ни недостигаше“, викаа децата.

 

извор: Makfax