По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања на известувачот на ,,Макфакс”.

Прашан дали вечерва ќе се слави слично како по победата над Полјакот Хуркач и може ли да се очекува повторно да запее некоја македонска песна и да ги поздрави неговите навивачи во Македонија, Ноле одговори:

,,Многу поздрави до Македонија, до Скопје! Ви благодарам многу. Не ми е тука кумот Невен, тој беше соучесник на таа забава, кога пеевме по победата против Хуркач. Ќе видиме какво ќе биде расположението, сега е веќе доцна, децата ќе спијат. Веројатно жена ми и јас ќе запееме некоја балада”.

Запрашан од нашиот известувач дали ја видел јавната покана упатена од премиерот на државата, Зоран Заев да ја посети Македонија, Ѓоковиќ рече:

,,Ја видов поканата и го прифаќам повикот, но не знам кога тоа ќе се случи, но сигурно ќе дојдам во Македонија, бидејќи Охрид морам да го видам”, порача вимблдонскиот шампион.

Видеото од прес – конференцијата може да се види на следниов линк, а одговорите на прашањата на ,,Макфакс” се на 16,15 минути.

Ненад Живановски

извор: Makfax