ВМРО-ДПМНЕ побара од градиначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов да одговори дали коцката по која газеа скопските партизани во 1944 година кога влегуваа во ослободено Скопје, коцката на која беше направена прославата за ослободувањето на Скопје и коцката на која е прогласена независноста на Република Македонија на 8 септември во 1991 година, градоначалникот си ја наредил во дворот на својата вила во Маврово.

„Очигледно Шилегов мирисот и сеќавањата за старо Скопје реши да го овековочи во дворот на својата луксузна вила во Маврово. Додека скопјани возат по улици полни со дупки, додека десетици проекти стојат запрени, Шилегов ќе гази по гранитни коцки, како и старите Скопјани. По објавување на аферата од страна на медиумите Шилегов молчи и не демантира, со што само ги потврдува изнесените информации“, изјави Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додаде дека Шилегов мора да одговори на сомнежите, дали гранитните коцки кои ги реди во својата луксузна вила се од депоата на ЈП „Улици и патишта“? Доколку не се, треба да ги покаже фактурите од каде се земени.

 

извор: Makfax