По тепачката која се случи вчера во кафуле на плоштадот Македонија помеѓу две групи полски навивачи. За кој интевтенираа и специјални единици и полицијата, а дел од навивачите беа и уапсени. Денеска се пуштени од полиција и сепак ќе го следат натпреварот Македонија – Полска. Глетката низ главиот град денеска беше мирна, иако имаше пишувања дека повторно настанал инцидент пред Владата на Р Македонија, од МВР немаше потврда за такво случување. Сепак загрижува фактот дека дел полските навивачи скоро 24 часа се во алкохолозирана состојба, а слободно шетаат по улиците на Скопје, полицијата како повторно да доцни со контролата и редот. Познато е дека во светот на фудбалот навивачите на Полска важат за едни од најпроблематичните, затоа осанува да се надеваме дека вечерва натпреварот меѓу нашата репрезентација и репрезентацијата на Полска ќе помине спортски, без инциденти.