Два полициски автомобили и едно полициско комбе интервенирале за приведување на момче кое шетало миленик во Скопје. Неофицијално, се работи за случка во скопска Кисела Вода. На снимката која е објавена на социјалната мрежа „Фејсбук“ се гледа дека станува збор за момче, кое со својот миленик, со комбе на полицијата е однесено во станица.