Снимката од француската политичарка Агнес Пание Руначер стана хит на социјалните мрежи поради реакцијата откако сфати дека во автомобилот ја заборави заштитната маска.

Државната секретарка задолжена за финансии испаничи кога сфати дека маската и остана во автомобилот. Во паника се обиде да го запре возилото, но беше прекасно.

Потоа вознемирено почна да им објаснува на соработниците дека нема маска и со рацете ја прекри устата. Набрзо потоа е снимена со нова заштитна маска.