Познатата бразилска ТВ-презентерка и поранешна Мис Бум Бум, Андреса Ураш, во својата автобиографија откри детали за нејзината врска со португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо.

Во Бразил, таа е позната по својата работа како елитна проститутка, надвор од водителските и манекенските води. Андреса била една од најбараните проститутки, а и самата признала дека до својата 27. година спиела со можеби повеќе од илјада мажи. „Го претворив моето тело во евтина стока“, вели Андреса.

Поради нејзината популарност ја забележал и Кристијано Роналдо, а таа во својата автобиографија изнесува детали од сексуалното искуство што го имала со него, за кое тој ѝ платил 10.000 евра.

„Додека бев во лифтот на неговиот хотел, срцето ми чукаше забрзано бидејќи знаев дека секунди ме делат од средбата со Роналдо. Кога се отвори вратата од неговата соба, тој ме пречека со насмевка и ме покани внатре“, вели Андреса. „Кратко разговаравме за тоа што ќе правиме, а потоа тој само ме зграпчи. Имавме груб и див секс, не можев да верувам дека е таков. Роналдо е многу агресивен во кревет. Сè заврши мошне брзо“, заклучи таа.

извор: Makfax