Будимпештанскиот замок Вајдахуњад важи за многу повеќе од обичен замок… Имено, оваа атракција во унгарската престолнина претставува архитектонски омаж кој комбинира 21 различни градби.

Иако изгледа средновековно, замокот е многу понов. Тој бил изграден во 1896 година, во време кога Кралството Унгарија (тогаш дел од Австроунгарската монархија) ја одбележувало илјадагодишнината од доселувањето на Унгарците во Панонија.

Оригиналниот Вајдахуњад замок бил изграден од даски и картони.

Но, како што во јавноста се зголемувала почитта кон прекрасниот објект, властите одлучиле да го обноват замокот со цврсти материјали.

Оттогаш, замокот содржи 21 елемент од важни објекти од различни делови на Кралството Унгарија, а меѓу нив: романската катедрала во западна Унгарија, замокот Хуњади (познат и како замок Корвин) во Трансилванија, како и неколку австриски барокни и ренесансни палати… Со сето ова се покажуваат различните стилови на градба присутни на територијата на поранешната монархија.

Вајдахуњад е сместен во градскиот парк во Будимпешта, а до него може да се стигне преку еден од четирите моста на езерото кое го опкружува.

извор: Makfax