Најмалку шестмина полицајци се повредени во петчасовна пукотница во Филаделфија, соопштија властите. Напаѓачот, кој сокриен пукал на полицајците, е приведен по петчасовна престрелка.

Инцидентот започнал вчера во 16.30 часот, по локално време.

Специјалните единици биле повикани на лице место, кога непознат напаѓач испалил десетина куршуми кон полицијата. Полициските службеници ги напуштиле своите возила, ги блокирале околните улици и ги опколиле околните куќи.

Според официјални лица, има повредени полицајци, кои итно се пренесени во болница и се уште не е позната нивната состојба. Од полицијата исто така е соопштено дека еден осомничен е во притвор и дека се продолжува потрагата по други.

извор: Makfax