Доколку не успееме да се договориме за изборите со опозицијата тоа ќе значи влез во длабока политичка криза, која не е исклучено да премине во безбедносна криза, соопшти претседателот, Стево Пендаровски.

„Знам дека најголемиот број од нашите граѓани не размислуваат за избори, меѓутоа избори во време на корона, која нема наскоро да замине, се потребни за избор на функционално Собрание и регуларна, а не техничка влада. Доколку не успееме да се договориме за изборите со опозицијата тоа ќе значи влез во длабока политичка криза“, кажа Пендаровски.

Тој ги повика лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, уште денеска на лидерска средба на која ќе се разговара за датумот за избори.

„Упатувам повик да седнеме уште денеска да ја решиме оваа ситуација со ставање на државните над партиските интереси“, кажа Пендаровски.

извор: Makfax