Нема потреба од нова вонредна состојба, соопшти претседателот Стево Пендаровски.

Тој кажа дека ниту една од претходните четири вонредни состојби не биле воведени поради бројот на заразени и починати лица од коронавирус, туку за да може Владата да носи мерки во социјалната, економската и здравствената сфера.

„Споредбите за бројот на заразени се без основа, а за полициски час постои законска регулатива и не мора да се воведе вонредна состојба за тие мерки“, кажа Пендаровски.

Друга заблуда, додаде тој, е дека вонредната состојба има врска со датумот на избори.

„Да појаснам – избори може да се одржат и во вонредна состојба“, кажа Пендаровски.

Претседателот кажа дека добил информации од Владата дека се обезбедени доволни количини на медицинска и заштитна опрема, донесени се економски мерки за поддршка на националната еконимија за кои постои покритие во буџетот.

Исто така, кажа Пендаровски, Владата не поднела барање за продолжување на вонредната состојба.

извор: Makfax