Папата Франциско се извини бидејќи за време на вчерашната свеченост на плоштадот Свети Петар во Ватикан удри жена која го зграби за раката и го повлече кон себе.

Папата призна дека го изгубил трпението со жената.

„Сите сме го изгубиле трпението, па и јас. Се извинувам што дадов лош пример“, рече Папата, пренесе „АП“.

На видеото се гледа како жена која стои зад барикадите го фаќа Папата за раката и грубо го поблекува кон себе.

Папата остро реагира, нешто зборува, а потоа удира по раката на жената за да го пушти.

извор: Makfax