Во верижниот судир што се случи утрово околу 8 часот на обиколницата кај Волково на патот кон Приштина, според првичните информации од МВР, има неколку повредени. Вечер дознава дека до несреќата дошло кога едно до возилата, што го управувала жена, нагло закочило, а потоа возилото изгаснало и застанало во средната лента на автопатот. 

Поради густата магла останатите возачи немале доволно време да реагиораат и да го избегнат нисанот а потоа и карамболот а тие велат и дека коловозот бил мокар и лизгав.

-Ми рекоа дека на некоја жена и застанал авомобилот на сред пат. Не знам јас кога налетав веќе имаше десетина возила. Немаше шанси да ги зибегнам. Лизгаво беше а од маглата не ги ни видов до последниот момент. Не знам точно во што прво удрив а потоа налетаа и на мене. Излегов од авотмобилот и паднав од што беше лизгаво. Едвај се тргнав од патот, раскажува еден од возачите.

 Очевидците за Вечер раскажуваат дека било стравично и нереално како на филм. Автомобилите се превртувале, излетувале од патот. Но, за среќа, има малку повредени и тие се во добра состојба и не се во животна опасност.

-Една жена се обидуваше да го извади сопругот од црвениото комбе. Тогаш налетаа и удирија во нив. Чудо ги спаси, ги видов двајцата подоцна  како стојат еден до друг. Толку беше лизгаво што некои од автомобилите се вртеа во круг пред да удрат, вели очевидецот.  

Увидот е во тек ќе трае цел ден, така што автопатот од двете страни ќе биде затворен.

 

[video:https://www.youtube.com/watch?v=6XQUZVyyb0w&list=UUh0xJAkdFtYP_n4T3W2e3Xg] [video:https://www.youtube.com/watch?v=ASYlFTjyyI8&feature=youtu.be]