Еден човек е смртно повреден по напад на ајкула во близина на брегот на австралискиот туристички град Голд Коуст.

Според АП, повредениот маж бил извлечен од водата на една плажа од страна на сурфери, но кога екипата на Брза помош пристигнала на местото на настанот, тој веќе починал и само била констатирана смрт.

Според австралиските медиуми, ајкула го каснала за нога, мажот за кој се верува дека има околу 50 години.

Веднаш по нападот, плажите северно и јужно од местото на нападот се затворени.

Очевидци велат дека пливачи и спасувачи веднаш скокнале вовода во обид да му помогнат и да го спасат човекот, но тој подоцна им подлегнал на повредите.

Благодарение на безбедносните мрежи и специјалните стапици поставени долж 85 градски плажи, ова е само втор смртоносен напад на ајкула во Голд Коуст од 1962 година.