Обожавателите на популарната серија „Stranger things“ конечно дознаа кога ќе почне емитувањето на 3. сезона. Првата епизода од долгоочекуваното продолжение ќе биде прикажана на 4 јули на „Нетфликс“, на Денот на независноста во САД.

На постерот за новата сезона во преден план се прикажани Елевн, која ја глуми Мили Боби Браун, и Мајк, кого го глуми Фин Волфхард, како се држат цврсто за рака. Со нив на постерот се и останатите главни ликови, додека во позадина може да се види прослава на Денот на независноста со огномет.

Од „Нетфликс“ соопштија дека новата сезона е збогатена со специјални ефекти какви што немало во претходните две сезони.

Дејството во 3. сезона ќе биде сместено во втората половина на 1984 година, значи една година по настаните од првата сезона.

извор: Makfax