Бројот на жртвите во масакрот на факултетот во Крим порасна на 20, а меѓу нив има 11 малолетници, изјави министерката за здравство на Русија, Веронија Скворцова.

„Убиени се 20 луѓе, меѓу нив 15 се ученици, а пет се вработени на колеџот. Од 15 ученици, 11 имале помалку од 18 години“, изјави таа.

Скворцова додаде дека студентите кои биле во критична состојба сега се добро.

Во нападот со ловечка пушка во градот Керч повредени се 44 лица и сите се задржани во болница. Нападот го изврши 18-годишниот студент Владислав Росљаков, опишан како срамежлив ученик, а неговиот мотив засега не е познат. Тој се самоуби по нападот.

Во Крим е прогласена тридневна жалост.

извор: Makfax