Познатиот музичар од Брегот на Слоновата Коска, Диџеј Арафат, го загубил животот на 12 август во трагична несреќа со мотоцикл. Тој имал само 33 години и бил еден од најпознатите африкански музичари. За да му оддадат почит, бил организиран собир и концерт на градскиот стадион „Абиџан“, каде што бил донесен ковчегот со неговото тело.

Илјадници обожаватели дошле да се збогуваат со својот омилен музичар последен пат и во еден момент почнале да скокаат околу ковчегот на Арафат. На крајот тие го отвориле ковчегот и почнале да ја симнуваат облеката од починатиот Арафат.

„Сакавме да го видиме телото на нашиот идол пред ковчегот да биде запечатен“, рекол еден обожавател.

За да се спречи хаосот, полицијата употребила солзавец за да му овозможи на семејството да се збогува со музичарот.

извор: Makfax