На вечерашниот натпревар меѓу Македонија и Полска се очекува да присуствуваат околу 2.000 гостински навивачи.

Вчера тие предизвикаа инцидент во центарот на Скопје и се судрија со полицијата, а денес се истепаа меѓусебе во пресрет на дуелот на Арената „Тодор Проески“.

Во тепачката се фрлаше со камења и дрва, а како што знаеме дека во градскиот парк во Скопје во овој период од денот шетаат и мали дечиња.