Стотици луѓе протестираа во главниот град на Перу, Лима, по соборувањето на претседателот Мартин Вискара и се судрија со полицијата, која употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.

Полицијата се обиде да ги спречи демонстрантите да се приближат до зградата на Конгресот, кој вчера изгласа импичмент за Вискари поради обвинение за корупција, објави „Би-би-си“.

Немирите избија откако претседателот на Конгресот Мануел Мерино положи заклетва како привремен претседател.

Полицијата соопшти дека се уапсени околу 30 лица, а во судирите имало повредени.

Протести се одржаа и во другите поголеми градови низ целата земја.

Се стравува дека политичката криза во Перу ќе ја наруши економијата на земјата, веќе загрозена од пандемијата на коронавирус.

Вискара уживаше голема поддршка кај народот поради обидот за спроведување на реформите.

извор: Makfax