Азра Омеровиќ, новинарка од босански „Журнал“ за само 17 дена успеала да добие диплома од средното медицинско училиште во Сански Мост, пренесуваат тамошните медиуми потенцирајќи дека таа притоа не присуствувала на ниту еден час.

Своите документи та ги предала на 20 декември минатата година, а веќе на 3 јануари таа ја добила дипломата со сведителство за сите четири години.

На нејзината диплома пишувало дека таа запишала „прекваалификација“ на 22 ноември 2016 година, а дека успешно го завршила образованието на 15 ноември 2018 година.

Целиот овој случај започнува од ноември минатата година кога редакцијата каде работела таа добила документација од полициски и правосудни агенции во кои се наведува дека на подрачјето на БиХ се продаваат дипломи од средни училишта и дека сето тоа е врзано со Центарот за образование од Широки Бријег, поддржано од страна на бизнисмени блиски до Хрватската демократска заедница во БиХ.

Документите покажуваат дека парите од Широки Бријег биле користени за основање на средношколски и високобразовни институции во Босна и Херцеговина и дека во овие установи се изаваат сомнителни дипломи.

За регионот на Сараево бил одговорен извесен Сенад Пехливановиќ, со кого новинраката имала кус телефонски разговор, и за првпат со него се сретнала во Сараево.

Кога таа исконактирала со училиштето, оттаму и посочиле дека за преквалификација е неопходно најмалку една година, меѓутоа Пехливановиќ можел да го обезбеди тоа за покус временски период, но за цена од 1 200 евра.

На средбата со Сенад Пехливановиќ, новинарката се обидела да му даде пари однапред, но тој и рекол дека ќе мора даа бара латернативни решенија и дека овој пат нема да оди преку Широки Бргијег. На средбата таа добила и специјален телефонски број наменет за договори околу дипломите, по што редакцијата во која работела дошла со листа на повици која докажувала дека Пехливановиќ од тој број контактирал само со Центарот за образование од Широки Бријег.

Откаако Пехливановиќ ги средил документите на 3 јануари договорил средба со новинарката со цел да и ги предаде сведиелствата и дипломата. На примопредавањето новинарката забележала дека има сведителства и диплома за завршено Медицинско техничко училиште од Сански Мост, тие биле заверени, со печат и јасни потписи, како и со оценки кои таа никогаш не ги добила.

По предавањето на докментите, Пехливановиќ бил известен дека тие се новинарска екипа и дека целиот процес е снимен. Но тој само молчел. Иако тој за сега нема информации дека е уапсен или пак е покрената истрага, новинарите сакале да докажат што всушност се случува во образвониот систем, а дека обвинителството молчело, посочи еден од новинарите кој беше присутен на средбата.

извор: Makfax