Полските навивачи повторно беснеат по Скопје. Група на навивачи поладнево два часа пред натпреварот со вулгарни зборови меѓусебе и надвикување во обид повторно да предизвикаат физичка пресметка ги вознемирија граѓаните на Скопје кои шетаа низ паркот Франкофонија. За среќа имаше и такви меѓу нив кои се обидоа да не дојде до тепачка, па толпата со викање се упати кон градскиот стадион. Полиција во и околу паркот нема, а секојдневно деца и граѓани го поминуваат поладнето токму овде.

Извор: republika.mk