Кинескиот град Вухан, како и провинциите Анхуи, Џиангси и Жеџијанг, прогласија црвен аларм поради обилни врнежи.

Дождовите се закануваат дека ќе го подигнат нивото на реките и езерата и ќе создадат уште повеќе проблеми во земјата.

Вухан, кој се наоѓа на бреговите на реката Јангце, ги предупреди граѓаните да преземат превентивни мерки затоа што реките веќе го достигнаа максималното ниво во нивните корита.

Нивото на огромното вештачко езеро „Три клисури“ е 10 метри повисоко од вообичаеното, со проток на вода од повеќе од 50.000 кубни метри во секунда.

Ситуацијата е слична и на другите езера и водотеци во споменатите провинции, наведува Ројтерс и додава дека црвен аларм е прогласен и на езерото Таи, недалеку од Шангај заради високиот степен на вода.