Во пограничното подрачје меѓу Грција и Бугарија се појавиле лажни резултати од тестови за Ковид-19, кои се продаваат по цена од 30 до 40 евра, јави грчката телевизија „Мега“.

Според телевизијата, интензивната контрола извршена во Промахонас во последните неколку денови покажала дека постои група која продава лажирани потврди за туристи кои сакаат да ја преминат границата.

Станува збор за потврди кои се продаваат по цена од 30 до 40 евра и кои покажуваат негативни резултати од тестот за коронавирус.

Станува збор за документи од неофицијални лаборатории каде името на пациентот се менува за парична надомест.

Ваквите фалсификувани тестови биле откриени од полицијата, а поради ситуацијата решено е од следната среда да бидат прифаќани само тестови од 100 референтни лаборатории на Балканот.

Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас вчера, најавувајќи ги новите мерки за коронавирусот, рече дека кај Промахонас детално ќе бидат проверени тестовите што покажуваат негативни резултати и дека во случај на лажни тестови ќе бидат пропишани санкции.

извор: Makfax