Најмалку четири лица се повредени, едно потешко, во пожарот што избувна на метро-станицата Онкел Томс Хит во Берлин.

Пожарот избувнал доцна синоќа и 120 пожарникари сè уште се борат против него, но тие изјавија дека, во најголем дел, успеале да го стават под контрола.

Засега не е позната причината за пожарот, јави АП, повикувајќи се на ДПА.

Огнот брзо се проширил во две продавници и неколку луѓе кои живееле во близина морале да ги напуштат своите домови поради чадот.

извор: Makfax