Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска држава Мериленд, во округот Харфорд.

Ен-би-си јавува дека за нападот е осомнижена жена. Телевизијата објави дека не е познато дали жената е уапсена или убиена. Гувернерот на Мериленд соопшти дека неговата канцеларија внимателно ја следи ситуацијата и дека државата е спремна да понуди каква било помош.

Си-ен-ен објави дека пукањето се случило во дистрибутивен центар за лекови каде работат околу 1 000 луѓе.

„Дистрибутивниот центар е место каде што стигнуваат производите и понатаму се упатуваат за достава. Пукањето се случило недалеку од главната зграда“, рекла Сузан Хендерсон, портпарол на „Rite Aid“, фирмата во која се случил инцидентот.

Станува збор за подрачје кое е оддалечено 50 километри североисточно од Балтимор.

извор: Makfax