Една жена е пренесена во болница со убодни рани добиени во напад со нож што се случи денеска во австралискиот град Сиднеј.

Напаѓачот е приведен, откако претходно се обидел со нож да нападне уште неколку луѓе, соопшти полицијата.

Како што пренесе „Си-би-ес“ мажот замавнувал со ножот извикувајќи „Алах акбар“, а потоа бил совладан од страна на властите.

Според непотврдени информации, пронајдено е и тело во близина на нападот, но засега нема полициски информации дека напаѓачот убил човек.

 

извор: Makfax