– Фирмата „Бригада” за три дена треба да започне со работа, односно со монтирање на камерите и ќе бидат поставени 70 камери на сите објекти на ЈП „Исар”. Прво ќе започнеме од Филтер станицата, препумпната станица, бунарите, гробиштата, пазарот, бањата, буквално сите објекти со кои располага јавното претпријатие. Ова е се со цел граѓаните да имаат една сигурност, а исто така и ние како јавно претпријатие да имаме заштита на нашиот имот, рече Бојаџиев.

Со поставувањето на видео надзорот во објектите ќе се намали и бројот на вработени ангажирани како обезбедување, но Бојаџиев вели дека овие вработени ќе бидат распределени во работните единици Комунална хигиена и Паркови и зеленило на штипското комунално претпријатие „Исар”. Поставувањето на камерите во објектите на ова претпријатие чини околу еден милион денари.