Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, се во самоизолација затоа што имале контакт, односно телевизиско интервју, со новинар заболен од коронавирус,соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Мицкоски бил тестиран и неговиот тест е негативан, а резултатите за Заев се очекуваат во текот на денот.

Новинарот е во стабилна здравствена состојба и е на лекување во болницата „8 септември“.

Повеќе информации и за резултатите од тестот на Заев, Филипче најави дека ќе има на следната прес-конеференција во текот на денов.

извор: Makfax