Македонскиот јазик и идентитет се факт, нема потреба за тоа да расправа Комисија во Собранието, одговори на новинарско прашање, Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

На новинарско прашање дали СДСМ ќе учествува на Комисијата за надворешна политика која претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски, ја закажал за в четврток, Митрески рече:

„Станува збор за Комисија која вторпат се закажува, очигледно дека сакаат да ја држат таа тема во јавност. Jас и после завршувањето односно непочнувањето на Комисијата за надворешни работи, каде што беше како предлог Дневен ред поставена истата точка, дадов изјава и ќе ја повторам истата. Јас и ние како пратеници не гледаме потреба да се отвори расправа во Собранието за нашиот идентитет и нашиот јазик. Факт е дека ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик, која е потребата за тоа да дискутира Собранието“, рече пратеникот.

извор: Makfax