Најдобриот кошаркар на Кливленд, Леброн Џејмс, беше премногу тивок на друштвените мрежи за време на финалните дуели со Голден стејт, но по освоената историска титула првата виолина на “коњаницата# ги замолкна сите критичари кои се сомневаа во неговите квалитети.

Тие говореа дека загубив чекор и дека не сум експлозивен како некогаш, дека најдобрите денови се зад мене. Се сомневаа во мојата мотивација, лидерство и посветеност. Потоа говореа дека немам пожртвувачки инстикт, дека тоа што сум се вратил дома е најголемата грешка во мојата кариера, велеа дека поради мене е отпуштен тренерот, сум ги поткупувал соиграчите, дека нема да функционирам со Кајри Ирвинг, дека немам шанса да ја донесам титулата дома… Но, претпоставувам дека сето ова нема никаква врска со мене, изјави Леброн.

Освен на социјалната мрежа Инстаграм, најдобриот кошаркар на денешницава се отвори и во разговорите со новинарите.

Не сакам да наведувам имиња, но кога одлучив да го напуштам Мајами, некои луѓе со кои сум изградил верност во текот на четирите години, ми говореа дека ја правам најголемата грешка во кариерата, и тоа страшно ме повреди. Свесен сум дека биле под емоција кога тоа ми го говореа, но за мене тоа беше најголема мотивација да дојдам тука, додаде кошаркарот на Кливленд.

Џејмс во неделата го освои третиот прстен во кариерата, прв со “коњаницата”, откако во седмиот натпревар успеа да ги победи “воините” на гостински терен со 93:89.

 

Love you so much!!! #StriveForGreatness #ThisOneIsForTheLand #RWTW

A video posted by LeBron James (@kingjames) onJun 20, 2016 at 1:42pm PDT