Здравствените работници ширум светот се борат со пандемијата на коронавирусот, но и со недостаток на основни материјали во болниците, како што секојдневно расте бројот на заразени.

Така своето искуство на социјалните мрежи го сподели Соња Реинерт, медицинска сестра која работи во породилно одделение во американскиот град Атланта.

Значително вознемирена таа побара од луѓето да помогнат ако имаат заштитни маски дома, бидејќи во болницата имаат сѐ помалку, а додаде и дека дезинфициенсите веќе не можат да ги оставаат во собите кај пациентите, бидејќи луѓе доаѓаат во болницата и ги крадат.

– Ни треба сѐ. Ако имате било какви маски, јавите се, подобро и тоа отколку да немаме ништо – вели низ солзи, значително вознемирената Соња Реинерт.