Денес сум овде пред вас за да објавам што се ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше и се обидува да закочи. Ова што ќе го чуете го прави ВМРО-ДПМНЕ најголемиот кочничар на иднината на нашата на нашата земја, изјави потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

„Во Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочат донесувањето на законските измени за зголемување на пензиите за повеќе од 700 денари месечно, на над 320.000 пензионери. Беа и против покачувањето на минималната плата и решавањето на статусот на дополнителн број стечајци. Кочат сѐ што значи враќање пари кај граѓаните. Кочат сѐ што не е по планот на Никола Груевски“, рече тој.

Манчевски обвини дека ВМРО-ДПМНЕ ја кочи демократијата со амандманите за една изборна единица.

„Знаат дека граѓаните не го сакаат Христијан Мицкоски и затоа не сакаат отворени листи. Се плашат од гласот на граѓаните“, рече Манчевски.

Тој обвини дека опозицијата го кочела и договорот од Преспа, дека не го поддржуваат ниту Законот за одбрана, дека се против Законот за висока раководна служба.

„Но, најстрашно е што не знаеме за што се залага ВМРО ДПМНЕ. Немаат програма на 3 месеци пред избори. ВМРО ДПМНЕ значи нестабилност, ризик, еднопартиски систем. Се она што не го сакаат граѓаните“, рече Манчевски.

извор: Makfax