СДСМ ги лажеше младите. Младите денес живеат полошо од пред една година. Власта не го слуша нивниот глас, ниту пак ги решава нивните проблеми, вели Лука Кржалоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев, Рената Дескоска и Стефан Богоев, ветуваа дека на младите четири месеци по завршување на нивното образование државата ќе им гарантира вработување, пракса, или дообучување, а доколку сакаат да го продолжат своето образование истата во тоа ќе му помогне. Ветија и излажаа. Ништо од тоа не е случај денес“, рече тој.

Овој проект, додаде Кржалоски, кој го нарекоа младинска гаранција е најголемата лага на СДСМ. „Тие се обврзаа со својата програма дека истиот ќе биде реализиран во првите шест месеци по преземање на власта, поминаа 11 месеци, ова ветување не само што не е реализирано, туку и очигледно нема никогаш да се реализира“, рече тој.

Според Кржалоски, ветувањата за подобри услови за студирање се заменети со вработување по партиски клуч и непотизам, младите се оставени на маргините на општеството и никој не го слуша нивниот глас.

извор: Makfax