Свадбата на пар во Тексас завршила како во трилерир кога гостин го застрелал младоженецот директно во градите, а никој не ги знае причините затоа што невестата молчи и одбива да соработува со полицијата.

Крвавата свадба се случила во округот Харис. Хеликоптер на брза помош го префрлил застреланиот зет во болницата каде што се борат за неговиот живот.

Младоженецот беше застрелан на денот на свадбата. Сведоците не соработуваат со одговорните полицајци кои работат на случајот, навел на Твитер Џон Шенон, капетан од канцеларијата на шерифот на округот Харис.

Инспекторите рекле дека една млада жена, исто така, била инволвирана во инцидентот, пренесува KPRC-TV.

На истражителите им било кажано дека лицето кое е покането на свадбата влегло во некаква расправија со младоженецот, објавила станицата. Лицето потоа го застрелало зетот во градите и избегало од местото на настанот.

Една жена опишала дека за време на пукањето била во кревет кога слушнала гласна расправија и кавга.

„Мојата ќерка влезе во собата и рече: ‘Мамо, пукаат, пукаат!’ Потоа излеговме надвор да видиме што се случува и ја видовме невестата како бега и вика: „Каде е тој? Каде е тој? Морам да го најдам“.