Заврши реновирањето на бјектот на СВР Велес. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека во овој објект се вложени 3.600.000 денари и извршена е комплетна санација на покривната конструкција, замена на целата фасадна столарија со ПВЦ прозорци, фарбање на фасадата, молерофарбарски работи на целиот објект, изработка на бетонско плато во кругот на Секторот, како и изработка на вентилација и канализација во магацинот за чување на оружје.

„Она што го затекнав кога дојдов во МВР беа голем број запуштени и руинирани објекти, полициски службеници за кои цела деценија не беше набавена униформа, многу лоши услови за работа. Веднаш се зафативме за работа и еве, ги гледате резултатите. Полициските службеници постојано во текот на оваа година добиваат нови униформи, ги реновираме објектите за да обезбедиме соодветни услови за работа, а од овој месец ја зголемивме и платата на полициските службеници. Се разбира ние на ова нема да застанеме туку со овие активности продолжуваме и во текот на наредната година за кога планираме да вложиме нови 70 милиони денари за реновирање и реконструкција на објекти“, рече министерот Спасовски.

извор: Makfax