Кафулето „Хари Потер” во Метепек, Мексико, е вистинското место за сите љубители на сагата за младото момче волшебник. Секој агол на овој локал изгледа како да сте во филмот, што ги одушевува сите негови посетители.

Во него има препарирани бувови, капи, волшебни стапчиња и многу други познати реквизити од филмот.

На влезот има имитација на Лорд Волдемор, на видеобимот се гледаат филмови од оваа сага, дури и на менито е храна од книгите и филмовите. Покрај вкусни колачиња, можете да пробате „путер пиво“, омилениот пијалак на Хари и тимот.

Ниедно не содржи алкохол, и секое од нив изгледа како некоја магична напивка.

Посетителите имаат само пофални зборови за ова место, велејќи дека ова е вистинскиот агол за одмор, особено кога ќе се има предвид дека одајата посветена на Грифиндор е резервирана само за избраните.

„Воодушевен сум. Лорд Волдемор ви посакува добредојде на вратата. Сè е како во филмот. Можете да удобно да се сместите, да одгледате филм, па дури и да отспиете “, рече еден од гостите.

Една девојка истакна дека секој агол во ова кафуле има некоја мистерија, што ве води директно во приказната за Хари Потер.

извор: Makfax