Симпатизерите на демократскиот кандидат Џо Бајден манифетираа експлозија од радост, па со лонци, свирки и огномет излегоа на улиците во многу градови во САД, откако беше објавено дека нивниот кандидат го победи актуелниот претседател Доналд Трамп.

Поранешниот американски претседател Барак Обама исто така се приклучи на честитките и рече дека не може да биде погорд што има прилика да им ја честита победата на Џо Бајден и Камала Харис, идниот претседател и потпретседателка на Соединетите американски држави и истакна дека пред нив се извонредни предизвици.

„Американците излегоа во невиден број“, рече Обама, констатирајќи дека Бајден и Харис оствариле историска и одлучувачка победа.

Во меѓувреме, медиумите известуваат дека Доналд Трамп денеска направил неколку чудни потези додека неговиот ривал Џо Бајден беше прогласен за претседател.

Освен што продолжува да инсистира на тоа дека тој остварил убедлива победа на изборите, во текот на денот Трамп заминал и во неговиот голф клуб во Стерлинг, Вирџинија.

Неговиот штаб ги оспори резултатите и најави судски процес од понеделник.

Embed from Getty Images

Само неколку минути откако најголемите телевизиски станици во САД објавија дека Бајден победил после четири дена исчекување и неизвесност, луѓе масовно се упатија кон Белата куќа за пред неа да ја слават победата, додека од далечината одекнува огномет.

извор: Makfax