Илјадници туристи и жители на Австралија се упатиле кон плажите за да избегаат од пожарите што зафатија неколку градови во близина на брегот во екот на летната сезона.

Владини претставници ги повикаа австралиската војска и противпожарните екипи на САД и Канада да им помогнат во борбата против пожарот откако две лица загинаа.

Со тоа, вкупниот број загинати во пожарите се искачи на 11, објави денеска Ројтерс.

Големите пожари уништија четири милиони хектари земјиште. Екстремно високите температури предизвикаа повеќе од 200 пожари долж југоисточниот брег во државите Нов Јужен Велс и Викторија.

Околу 4.000 луѓе во малиот град Малакот, Викторија, се упатија кон плажите, откако главниот пат беше отсечен од пожари.

извор: Makfax