Во центарот на Скопје се запали возило, при што се зафатени уште три автомобили коишто биле паркирани во негова близина.

Возилото се запали на булеварот „ВМРО“ спроти „Македонска пошта“. На местото на пожарот пристигнаа пожарникарски возила, а полицијата направи записник.

Пожарот е пријавен во противпожарната единица во 13.32 часот, а бил изгаснат откако на терен биле испратени две возила и осум пожарникари.

Случајот во полиција го пријавиле жителите на околните згради кои го забележале возилото како гори.

извор: Makfax