Жителите на рускиот град Екатеринбург беа воодушевени кога низ своите прозорци на снежните улици во градот виделе два индиски слона, кои се препелкале во снегот, пренесува РТ.

Откако им избегале на своите дресери на паузата, ѕвездите на италијанскиот циркус кој е на гостување во Екатеринбург, 45-годишната Карла и 50-годишната Рони, не можеле да одолеат на прошетката на -5 степени во снегот пред претстојното долго патување до Санкт Петербург.

Како што се гледа во видеото, локалното население и вработените во циркусот ги здружиле силите со помош на јажиња за да ги намамат слоновите во нивните кафези.

„Слоновите имаат свој карактер и емоции, тие се многу паметни. Тие излегоа надвор и се радуваа кога ги видоа снегот, дрвјата и минувачите за кои мислеа дека се публика. Рони остана покрај едно од дрвјата, а Карла отиде кон еден куп снег“, соопштија од циркусот.

Слоновите му припаѓаат на семејството Тогњи, самопрогласената најстара циркуска династија во Италија, кои ги одведоа Карла и Рони на патување долго 16.000 километри, откако циркуските животни беа забранети во Италија.

„Ние многу ги сакаме нашите животни, тие се наше семејство. И тие го сакаат циркусот, се досадуваат без работа. Нашите животни живеат и умираат со нас, тие нема да преживеат во дивината“, рече уметничкиот директор на циркусот, Сергеј Бондачук.

извор: Makfax