За својот 100-ти роденден, 100-годишна Американка сакала да види како е да бидеш уапсен, а желбата ѝ се исполнила, откако во вторникот била приведена од полициските службеници заради „егзибиционизам“.

Бабата била уапсена пред нејзините „соучесници“ од двајца полицајци, кои ја врзале со лисици, ја качиле во полициското возило и со вклучени сирени ја однеле директно во затворот во Северна Каролина.

Старицата се мачела да излезе од возилото, а притоа успеала и да протестира и да им вели на полицајците дека требало да ги уапсат и производителите на седиштата.

„Сите треба да бидат уапсени“, велела таа.

Таа била фотографирана како и сите осомничени за полициско досие. Снимките си ги добила за спомен, а потоа била вратена во домот за стари лица од каде што ја зеле.