Американскиот претседател, Доналд Трамп, доби серија нови критики од корисниците на социјалните мрежи, откако се појави видео на кое се гледа како ја повикува неговата сопруга Меланија со тапкање по ногата, како што многумина довикуваат куче.

Видеото, направено на почетокот од месецов, беше објавено на „Твитер“ од писателот на комедии Џејмс Фелтон, а на него може да се види како Трамп гледа во правец на Меланија и со десната рака тапка по својата нога, како што луѓето ги довикуваат совите миленици, пренесува „Њузвик“.

Официјално, не е јасно што точно сигнализира Трамп со тапкањето и дали истото е упатено кон неговата сопруга, меѓутоа голем број корисници на „Твитер“ го протолкуваа неговиот гест како понижувачки начин да го привлече нејзиното внимание.

извор: Makfax