Јужноафриканскиот „тобако-бос“ Симон Радланд беше нападнат во Јоханесбург минатата недела. Тој бил застрелан додека бил во својот автомобил пред Здружението за независна трговија со тутун (ФИТА) во кое членува.

Тој рече дека е стопроцентно убеден дека неговите ривали стојат зад обидот за убиство. Кон него биле испукани девет куршуми, а го погодиле само три – два во задниот дел и еден во вратот. Тој го преживеал нападот.

Иако не добил смртни закани, Радланд не бил премногу изненаден од настанот. Трговијата со тутун во Јужна Африка е валкана игра, полна со насилство.

Ден по пукањето и операцијата во која му беше отстранет куршумот од вратот, Радланд се вратил на работното место. Компанијата „Голд лиф“ понуди парична награда за оние што имаат некои информации за напаѓачите.

извор: Makfax