Во изминатите три години ги подобривме условите во над 30 јавноздравствени установи, a инвестицијата во Здравствениот дом во Тетово е еден од многуте примери за нашата посветеност во унапредување на здравствениот систем, рече претседателот на СДСМ во Тетово.

Како што нагласи тој, зголемени им се платите на лекарите специјалисти, на медицинските сестри, но и на помошно-техничкиот персонал во здравството.

„Со тоа го подигнавме нивото на здравствената заштита за пациентите и овозможивме подобри услови за работа за нашите здравствени работници, кои денес се целосно мотивирани во борбата против коронавирусот“, посочи Заев.

За следниот мандат тој најави уште повеќе инвестиции во здравството и уште подобар здравствен систем.

„Платите во здравството ги зголемуваме 40 отсто до 2024 година, односно по 10 отсто секоја година. 33 милиона евра вложуваме во одделенијата за интензивна нега, за нивна модернизација и набавка на современа опрема. Овде во Тетово набавуваме современа медицинска опрема за потребите на Ургентниот центар. Набавуваме и нови 70 возила за итната медицинска помош“, истакна лидерот на СДСМ додавајќи дека во заштитата на јавното здравје не смее да има компромиси.

извор: Makfax