Премиерот Зоран Заев денеска го пречека премиерот на Република Косово, Aвдулах Хоти во рамки на официјалната посета на нашата земја.

Владината делегација на Косово предводена од премиерот Хоти, составена од заменик-претседателот на косовската Влада Дритон Селманај, министерката за надворешни работи и дијаспора Мелиза Харадинај Стубла и амбасадорот на Република Косово во земјата Ѓерѓ Дедај беше пречекана од страна на премиерот Заев, првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за правда Бојан Маричиќ.

Во рамки на посетата премиерите Заев и Хоти реализираа тет-а-тет средба и официјална средба заедно со делегациите на двете земји.

извор: Makfax