Заев истакна двете пречки за доделување на мандатот се отстранети додавајќи дека испратил до Иванов изјава во форма на гаранција за зачувување на уставниот поредок и унитарноста на Република Македонија.

Врачувањето на мандатот следува откако претседателот Иванов доби известување од собранискиот спикер Талат Џафери дека е формирано парламентарно мнозинство.

Новиот мандатар Зоран Заев, според Уставот, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Актуелното парламентарно мнозинство во 120-членото Собрание на Македонија има поддршка од 67 пратеници на коалицијата предводена од СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците.